Достапни линкови

logo-print

Николиќ не е задоволен од информациите од БИА


Претседателот на Србија Томислав Николиќ изјави дека не е задоволен од информациите кои ги добива од разузнавачката служба БИА и дека судејќи по нејзините извештаи во Србија ништо не се случува, јави Танјуг. На прашањето што пишува во извештаите, претседателот како пример посочи дека била анализирана ситуацијата во Грција, каде некаков државјанин под дејство на алкохол бил приведен, а на друго место воена единица била на вежба. „Ако е тоа БИА, ги подарувам и неа и военото контраразузнавање и другите служби да ги раководи кој сака. Ако ги имаат само овие податоци може да ги раководи опозицијата“ рече Николиќ.
XS
SM
MD
LG