Достапни линкови

Рекордна невработеност во евро-зоната


Шпанија - редици пред биро за вработување

Шпанија - редици пред биро за вработување


Невработеноста во земјите на евро-зоната достигна ново рекордно ниво. Според денешните податоци на Еуростат, од 11 насто во април, невработеноста во мај достигнала 11,1 насто. Според истиот извор, вкупно невработени во еврозоната во мај биле 17,6 милиони луѓе, што е за 1,8 милиони повеќе во споредба со минатата година. Најголема е стапката на невработеност во Шпанија, 24,6, а веднаш зад неа е Грција.
XS
SM
MD
LG