Достапни линкови

Власта нервозна од „новите“ политички играчи


Средба меѓу поранешните премиери на Mакедонија - 07 септември 2011.

Средба меѓу поранешните премиери на Mакедонија - 07 септември 2011.

Најавите за нови партии и коалиции создаваат нервоза кај власта, оти е свесна дека на следните избори ќе мора да го дели „колачот“, велат политиколозите.

Власта треба да сфати дека во земјава нема услови за постоење на политички систем со една доминантна партија и оти тоа не е добро за демократијата, оценуваат политичките аналитичари по најавите за формирање на нови политички партии во земјава.
Јас мислам дека тие дефинитивно треба малку да одморат, а од самото тоа што кај нив се појавува голема нервоза тоа сведочи дека нивната досегашна политика не кореспондира со реалните потреби на оваа држава и на граѓаните на Република Македонија.

За професорот Етем Азири, неразбирлив е стравот на власта од нови политички ривали, а нервозата што ја покажуваат сведочи за неуспешноста на нивната досегашна политика.
Средба на претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски и на лидерот на ВМРО Народна партија Љубчо Георгиевски .

Средба на претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски и на лидерот на ВМРО Народна партија Љубчо Георгиевски .


„Јас мислам дека тие дефинитивно треба малку да одморат, а од самото тоа што кај нив се појавува голема нервоза тоа сведочи дека нивната досегашна политика не кореспондира со реалните потреби на оваа држава и на граѓаните на Република Македонија“, вели Азири.

Иако власта отворено не ја покажува нервозата од новите најави за политички партнерства, таа е длабоко уверена и свесна дека на следните избори „колачот“ ќе биде поделен.
Власта колку и да биде нервозна поради коалицирањето на вечните пријатели и непријатели Бранко и Љубчо нема тоа да го покаже, бидејќи е длабоко арогантна и уверена во своето влијание. Но е свесна, длабоко е свесна дека на било кои следни избори, а следните се локалните, дека „колачот“ ќе биде драстично намален поради нивното коалицирање.

„Власта колку и да биде нервозна поради коалицирањето на вечните пријатели и непријатели Бранко и Љубчо нема тоа да го покаже, бидејќи е длабоко арогантна и уверена во своето влијание. Но е свесна, длабоко е свесна дека на било кои следни избори, а следните се локалните, дека „колачот“ ќе биде драстично намален поради нивното коалицирање“, вели политикологот Соња Стојадиновиќ.

Најавите за формирање на нови партии и старо-нови партнерства нема да донесе спектакуларни промени на политичката сцена во земјава, зашто политиката стана најисплатлива професија тука, анализира универзитетскиот професор Азири.

„Ние сме дојдени до тоа дереџе да размислуваме како што размислувал Аристотел, дека човекот надвор од политиката е нешто повеќе или помалку од човек – бог или животно.“

Поранешниот градоначалник на Скопје Трифун Костовски во интервју за неделникот Граѓански најави дека ќе формира политичка партија пред претстојните локални избори. И на албанската политичка сцена има најави за две нови политички партии. Идејата за едната партија ја пласираше професорот и поранешниот пратеник на ПДП, Мерсел Биљали, а за другата Рамадан Рамадани.

Една од главните цели поради кои се формираат новите партии е токму борбата за дел од колачот, се согласува и Стојадиновиќ. Иако не очекува позначителен успех на новите партии на претстојните локални избори, Стојадиновиќ вели дека на некои следни избори тие можат да ги поматат математиките на власта.

„Ако колачот што ќе го земат многу добро го искористат, зборувам за интересите на народот што гласал за нив, тогаш тие ќе имаат предизпозиции да прераснат во политички ентитети кои ќе имаат големо влијание на сцената. Ако власта власта која ќе ја земат, пак, ја искористат во лична корист како досега што се случувало досега, тие брзо ќе изумрат.“

Последната средба меѓу Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски беше повод за отворени реакции на власта и основачите на ВМРО-ДПМНЕ, кои вчера реагираа со отворено писмо до јавноста. Во него меѓудругото пишуваат дека двајцата политичари се стари пријатели кои ги поврзува љубовта за власт и пари.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG