Достапни линкови

logo-print

Сиријски опозиционери на состанок во Каиро


Припадници на Сиријска слободна армија

Припадници на Сиријска слободна армија

Околу 250 припадници на сиријската опозиција се состануваат денеска во Каиро на разговори за планот за политичка транзиција во земјата, подржан од Обединетите Нации, Русија и Соединетите Држави. На дво-дневната конференција, спонзорирана од Арапската Лига, се поканети и претставници Франција, Тунис и Турција. Меѓутоа, Слободната сиријска армија, како што се нарекуваат бунтовниците кои се борат против режимот на Башар Ал Асад, го бојкотираат овој состанок, оценувајки го како конспиративен и во корист на сојузниците на режимот во Дамаск, Русија и Иран. На состанокот во саботата во Женева, светските сили предложија формирање транзициска влада во Сирија, во која би биле вклучени членови и од актуелниот режим и од опозицијата.
XS
SM
MD
LG