Достапни линкови

Енрике Пења Нието нов претседател на Мексико


Енрике Пења Нието

Енрике Пења Нието

Енрике Пења Нието од Институционалната револуционерна партија, е избран за нов претседател на Мексико, со освоени 38 насто од гласовите на изборите одржани вчера. Победа на Нието го отвора патот за враќање на неговата партија на власт по 12 години. Досегашниот претседател на Мексико Фелипе Калдерон му честита на Нието и му вети помош во транзицијата на власта, предвидена за во декември. Главните теми за време на изборната кампања во Мексико беа борбата против организираниот криминал и трговијата со дрога, како и економската ситуација и сиромаштијата во Мексико. Од 2006-та година, досега во криминалот поврзан со трговијата со дрога, во Мескико загинале околу 50.000 луѓе.
XS
SM
MD
LG