Достапни линкови

logo-print

Најкоментирани ставовите на младите политичари


Колумната на лидерот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Диме Спасов - „Циркус - обединета опозиција“ - најкоментиран текст на нашата интернет страница.

Очигледно, младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа се чита особено кога темата на авторите е од оној домен што народецов најмногу го бендисува: партиите и политиката.
Ги боли вистината комуњарчињава, па сега навалија, си ја имаат мувата на капата.

Шефовите на подмладоците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Диме Спасов и Дарко Давитковски.

Шефовите на подмладоците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Диме Спасов и Дарко Давитковски.

Не дека нема вметнато и партиски ставови и коментирање „по задача“, но бројот на испратените ваши коментари и нивната содржина сепак покажуваат едно определено расположение меѓу граѓаните. Особено по најновата случка на политичката арена - средбата помеѓу двајцата лути политички и идеолошки противници, Црвенковски и Георгиевски, со цел обединување на опозицијата и уривање на постојната власт на Груевски, или како што насловува првиот меѓу младите вмровци, Диме Спасов, во својата колумна, „Циркус - обединета опозиција“. Значи, ако се суди според тоа, расположението е пола на пола.
Вие вмровците ќе кажувате за иднината и сегашноста, нели ви е срам го клекнавте македонскиот народ на коленици да моли само вас да ви е арно.

На пример, Гоце од Скопје смета дека колумната е одлична и дека, како што вели, „комуњарчињава“ ги боли вистината па навалиле да си ја ишкаат мувата од капата, или Љупчо од Флорида кој се плаши двајцата да не и го сменеле името на државава, или некоја Сашка од Скопје на која не ѝ се верува дека двајцата опоненти од 90-тите, лево и десно ориентирани партии, влегуваат во еден таков договор.

И, на другата страна се другите граѓани што пратиле коментари и пораки кои сметаат дека Диме дури е и неписмен, оти зборот циркус се пишувал со „с“.

Слушател потпишан само со Т, смета дека вмровците го клекнувале народот на коленици и дека се фатиле само за Бранко, кој им е ноќна мора.

Стамен од Марс вели дека пишуваното веќе немало врска, зашто не Љубчо, не Бранко, туку гладта ќе ја урнела оваа власт, зашто искусни и образовани седеле дома, а млади, надуени и неискусни „ја водат“ државата и еве до кај ја доведоа.

Зоки му порачува на Спасов дека кога ќе го убеди дека три врби чинат 250 илјади евра тогаш ќе му поверува дека напишаното го напишал со неиспран ум.

Хајд паркот ве прашува дали и со намален буџет и во криза Владата сè уште треба да инсистира на градење споменици?

Вена Петрова порачува дека историја на еден народ не се гради за неколку години со нови споменици и дека овде веќе не важи онаа на Марија Антоанета од пред стотина и кусур години, народот да јаде слатки наместо леб, зашто народот овде веќе нема ниту слатки, ниту леб.

Редовниот Полат Алемдар дури предвидува дека еден ден може да осамнат и споменици во бронза на Груевски и Ставрески како му мавтаат на народот и му пожелуваат „пријатен“ работен ден. „Жално, жално!“, извикува на крај овој наш слушател.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG