Достапни линкови

Во ОН преговори за контрола на трговијата со оружје


Во Обединетите Нации во Њујорк се во тек преговори за првиот обврзувачки договор во врска со трговијата со оружје во светот. Предвидено е преговорите, кои започнуваа денеска, да траат до 27-ми овој месец. Се проценува дека во трговијата со оружје годишно се прави промет од над 60 милијарди долари. Соединетите Држави и уште некои земји бараат од договорот да биде исклучена муницијата, а Кина бара тој да не се однесува на лесното оружје. Најголем извозник на оружје се САД, а потоа следуваат Велика Британија, Кина, Франција, Германија и Русија.
XS
SM
MD
LG