Достапни линкови

logo-print

Кошарка - Почнува битката за Лондон 2012


Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска ги почнува квалификациите за Олимписките игри во Лондон. Во првиот меч од групата Д, вечерва во Каракас Македонија ќе се сретне со Ангола, а утре е пресметката со Нов Зеланд.

Освојувањето најмалку на второто место во оваа конкуренција не носи во четвртфиналето, каде што противник најверојатно ќе ни биде Доминиканската Република или Русија, а во групата Ц е и селекцијата на Јужна Кореја. Со триумф и во тој дуел ќе си обезбедиме полуфинале и уште две средби, во кои ќе биде потребна само една победа за исполнување на сонот - настап на ОИ во Лондон.

Од другата половина на турнирот, битката за влез во полуфиналето ќе се води меѓу Грција, Порторико и Јордан од групата А, односно Ливанија, Венецуела и Нигерија од групата Б.
XS
SM
MD
LG