Достапни линкови

Убиени тројца припадници на ИСАФ во Авганистан


НАТО соопшти дека човек облечен во униформа на авганистанската полиција убил тројца припадници на меѓународната коалиција на југот на земјата. Претставник на ИСАФ даде малку детали во врска со инцидентот, но не ја соопшти националноста на жртвите.
Тој изјави дека напаѓачот бил ранет и уапсен по нападот, додавајќи оти сеуште трае истрагата за тоа дали тој бил полицаец или не.
XS
SM
MD
LG