Достапни линкови

logo-print

Инциденти пред саботните избори во Либија


Состанок на локални лидери во Бенгази

Состанок на локални лидери во Бенгази

Демонстранти вчера го нападнале седиштето на изборната комисија во Бенгази, во источна Либија и ги запалиле гласачките ливчиња. Освен во Бенгази, кој беше епицентарот на бунтот против Моамер Гадафи, протести имало и во два други града во тој регион на земјата.
Бенгази беше маргинализиран за време на владеењето на Гадафи, а локалните лидери тврдат дека ситуацијата сеуште не е поправена.
Либијците ќе избираат 200 пратеници в сабота, на првите избори по симнувањето на Гадафи од власт.
XS
SM
MD
LG