Достапни линкови

Состанок на сириската опозиција


Од состанокот за Сирија што беше одржан во саботата во Женева

Од состанокот за Сирија што беше одржан во саботата во Женева

Во седиштето на Арапската лига во Каиро денеска треба да биде одржан состанок на сириските опозициски групи, со цел да се договорат за заедничка акција во натамошниот тек на конфликтот во Сирија.
Инаку, опозициските групи го критикуваа планот поддржан од Обединетите нации за политичка транзиција во Сирија. Член на Сиријскиот национален совет рече дека е навредливо да се мисли оти жителите на земјата може да преговараат со нивните убијци. Портпаролот на организацијата беше видно повнимателен со изјавата дека во планот има „неколку позитивни елементи“.
Планот на меѓународниот пратеник за Сирија Кофи Анан беше прифатен на конференција во Женева во саботата. Со документот се предлага формирање преодна влада во земјата. По инсистирање на Русија, конечниот план му дава можност и на актуелниот претседател да биде дел од привремен владин состав.
XS
SM
MD
LG