Достапни линкови

Во Мексико води опозицијата


Во Мексико денеска се очекуваат резултатите од вчерашните претседателски и парламентарни избори. Според првичните официјални податоци, кандидатот за претседател од опозициската Институционална револуционерна партија Енрике Пена Нието има најголема поддршка од околу 38 насто, што најавува враќање на оваа партија на власт по 12-годишна пауза.
Централна тема на изборната кампања беше големата сиромаштија во Мексико, како и нарко-војната, во која од 2006 година загинале повеќе од 50 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG