Достапни линкови

Фернандо Торес најдобар стрелец на ЕУРО 2012


Шпанскиот напаѓач Фернандо Торес, прв играч кој се запиша меѓу стрелците на две европски финалиња по ред, добитник е на Златната копачка за најдобар стрелец на Европското првенство во фудбал во Полска и во Украина. Иако Торес е меѓу шестемина фудбалери со по три гола и меѓу двајцата со по една асистенција, сепак нему му припадна наградата, поради тоа што играл најмалку време, вкупно 189 минути.
Најблиску му беше Марио Гомес од Германија, кој исто така имаше три гола и една асистенција, но со 282 одиграни минути.
По три гола на шампионатот постигнаа и Балотели од Италија, Роналдо од Португалија, Џагоев од Русија и Хрватот Манџукиќ.
Репрезентацијата на Шпанија синоќа во финалето во Киев ја победи Италија со 4:0, со што стана првата репрезентација која освоила титули на три големи натпреварувања, но и прва која ја одбранила европската шампионска титула.
XS
SM
MD
LG