Достапни линкови

Златната копачка за Фернандо Торес


Фернандо Торес (прв од десно) е најдобар стрелец на ЕУРО 2012
Фернандо Торес (прв од десно) е најдобар стрелец на ЕУРО 2012

Торес е најдобар стрелец, затоа што трите гола и асистенцијата ги остварил за најмалку одиграни минути.

Шпанскиот напаѓач Фернандо Торес, прв играч кој се запиша меѓу стрелците на две европски финалиња по ред, добитник е на Златната копачка за најдобар стрелец на Европското првенство во фудбал во Полска и во Украина. Иако Торес е меѓу шестемина фудбалери со по три гола и меѓу двајцата со по една асистенција, сепак нему му припадна наградата, поради тоа што играл најмалку време, вкупно 189 минути. Најблиску му беше Марио Гомес од Германија, кој исто така имаше три гола и една асистенција, но со 282 одиграни минути.

По три гола на шампионатот постигнаа и Балотели од Италија, Роналдо од Португалија, Џагоев од Русија и Хрватот Манџукиќ.

Репрезентацијата на Шпанија синоќа во финалето во Киев ја победи Италија со 4:0, со што стана првата репрезентација која освоила три титули на големите натпреварувања во серија, но и прва која ја одбранила европската шампионска титула.
XS
SM
MD
LG