Достапни линкови

Шпанија влезе во фудбалската историја


Шпанските репрезентативци ја прославуваат шампионската титула на Европското првенство.
Шпанските репрезентативци ја прославуваат шампионската титула на Европското првенство.

Со победата против Италија во финалето, Шпанија станува прва репрезентација во историјата што успеала да ја одбрани шампионската титула на едно европско првенство и прва во историјата што дала четири гола во финале.

Со победата против Италија со 4-0 во финалето на ЕП во фудбал што се одигра во главниот град на Украина, Киев, Шпанија ја одбрани титулата европски шампион. Головите ги постигнаа Давид Силва во 14 минута, Жорди Алба во 41, Фернандо Торес во 84 и Хуан Мата во 88 минута.
Со оваа победа, репрезентацијата на Шпанија три пати по ред се искачува на победничкиот пиедестал. Шпанците славеа на Европското првенство во Австрија и Швајцарија во 2008 година, па на Светското првенство во Јужна Африка пред две години и сега, на Европското првенство во Полска и Украина.

Со оваа победа, Шпанија станува прва репрезентација во историјата што успеала да ја одбрани шампионската титула на едно европско првенство и прва во историјата што дала четири гола во финале.
Давид Силва при постигнувањето на првиот гол во 14 минута.
Давид Силва при постигнувањето на првиот гол во 14 минута.

Со оваа победа, репрезентацијата на Шпанија три пати по ред се искачува на победничкиот пиедестал. Шпанците славеа на Европското првенство во Австрија и Швајцарија во 2008 година, па на Светското првенство во Јужна Африка пред две години и сега, на Европското првенство во Полска и Украина.

Италија и Шпанија веќе играа еден натпревар на ова европско првенство. Меѓусебниот натпревар во групата Ц на почетокот на првенството заврши 1-1 со головите на Ди Натале за Италијанците и Цеск Фабрегас за Шпанците.

За Шпанците ова е четврто финале на европските првенства и трета шампионска титула, покрај оние во 1964 и во 2008 година. Во финалето во 1984 година, „фуријата“ изгуби од Франција.

Пред овој натпревар, репрезентацијата на Италија немаше пораз од Шпанија на големите натпреварувања скоро цел век, зашто „фуријата“ последен пат ги победила „азурите“ на едно големо натпреварување на Олимпијадата во 1920 година, пишува Б92. Ова е 11 натпревар од тогаш. Италија има пет победи, а пет натпревари завршиле нерешено, иако на претходното Европско првенство, Шпанците се радуваа по ремито во четвртфиналето, затоа што победија на пенали.

Европското првенство што се играше во Полска и во Украина почна на 8 јуни.
XS
SM
MD
LG