Достапни линкови

Турција три пати реагирала поради сиријски хеликоптери


Борбени авиони марка Ф16 три пати реагирале поради тоа што сиријски хеликоптери се доближувале до турската граница, соопштија денеска од војската на Турција. Во соопштението се наведува дека ниту едно сиријско летало не навлегло во турскиот воздушен простор и покрај тоа што хеликоптерите летале на седум километри од границата, во близина на провинцијата Хатај. Односите меѓу двете земји се заострија откако сиријските власти соборија турски авион минатиот месец. Официјален Дамаск смета дека леталото навлегло во сиријскиот воздушен простор, тврдење кое официјална Анкара го демантира.
XS
SM
MD
LG