Достапни линкови

ВМРО – ДПМНЕ со критики за Црвенковски и Георгиевски


Владеачката ВМРО – ДПМНЕ преку отворено писмо упати критики за опозициската коалиција меѓу лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски и првиот човек на ВМРО – НП Љубчо Георгиевски. „ Овие пријатели, едниот со товарот на транзицијата, приватизацијата, шверцот и криминалот, а другиот со погрешна перцепција за историјата и постоење на сопствениот народ и држава, со нивнатa љубов за власта и парите, се едно исто-пријатели во коалиција за власт и пари“ се вели во писмото. Во дописот се додава дека следните избори ќе бидат референдум За или Против Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски.
XS
SM
MD
LG