Достапни линкови

Лукашенко ќе присуствува на финалето од „Еуро 2012“?


Белорускиот претседател Александар Лукашенко можеби ќе присуствува на финалниот меч на европското првенство во фудбал „Еуро 2012“, соопшти украинското министерство за надворешни работи. Портпарол на Лукашенко одби да одговори дали шефот на државата ќе отпатува за Украина. Лукашенко се соочува со санкции од Европската унија за кршење на човековите права по последните претседателски избори во Белорусија. Се смета дека неговото присуство на натпреварот би било непријатно за премиерите на Италија, Шпанија и Полска, кои планираат да присуствуваат. Многумина европски лидери го бојкотираат мечот поради затворската казна на екс-премиерот на Украина Јулија Тимошенко.
XS
SM
MD
LG