Достапни линкови

Стапува на сила европското ембарго за иранска нафта


Ембаргото на Европската унија за иранската нафта стапува на сила денеска, одлука која Унијата ја донесе поради спорната нуклеарна програма на Исламската република. Економистите прогнозираат дека европската забрана може да го преполови извозот на иранска нафта. Официјален Техеран реагира на одлуката: гувернерот на централната банка во земјата изјави дека Иран нема да остане пасивен. Махмуд Бахмани рече дека земјата ќе се соочи со непријателските политики, додавајки дека Исламската република има доволно резерви за задоволување на увозните потреби.
XS
SM
MD
LG