Достапни линкови

Јапонија и Канада во борба за Олимписките игри во Лондон


Кошаркарките на Јапонија и на Канада денеска ќе играат на последниот натпревар од Олимписките квалификации што се одржуваат во Анкара, Турција и победникот ќе им се приклучи на селекциите на Хрватска, Чешка, Турција и Франција, кои со победите во четвртфиналето обезбедија пласман во Лондон. На синоќа одиграните натпревари, во кои играа поразените од четвртфиналето Јапонија ја победи Кореја со 79:51, додека Канада ја совлада Аргентина со 58:41. Победникот од дуелот Јапонија – Канада ќе биде петата репрезентација во женска конкуренција која ќе обезбеди пласман на Игрите.
XS
SM
MD
LG