Достапни линкови

Иран ќе поставува подморници во Каспиското езеро


Иранската војска планира да постави подморници во Каспиското езеро пренесуваат иранските медиуми. Во последно време односите меѓу Иран и Азербејџан се поприлично нарушени откако Иран го обвини Азарбејџан дека транспортира антиирански терористи, додека пак Азербејџан го обвини Иран дека ги поддржува исламистичките дисиденти.
Каспискиот басен се вбројува во најголемите светски резервоари на нафта и гас. Претходно Иран објави дека почнал со изградба на подморници на нуклеарен погон , што исто така го загрижи Западот.
Иран е под санкции од САД и од ЕУ кои бараат да се откаже од својата нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG