Достапни линкови

Претседателски избори во Исланд


Актуелниот претседател Гримсон со најголеми изгледи за победа

Актуелниот претседател Гримсон со најголеми изгледи за победа


Во Исланд се одржуваат претседателски избори. Според анкетите на јавното мислење во предност е актуелниот претседател, Олавур Рагнар Гримсон којшто бара петти мандат а негов главен противкандидат е 37 –годишната Тора Арнорсдотир, респектиран новинар во земјата, без политичка припадност која води кампања со повик за промени. Таа водеше во првичните анкети, но по петиција од 30 000 собрани потписи, Гримсон, кој претходно рече дека нема да се кандидира ја преиспита одлуката и оттогаш води во анкетите. Исланд се опоравува од финансиската криза што ја зафати земјата во 2008 година по колапсот на банките.
XS
SM
MD
LG