Достапни линкови

Подметнувал експлозив во поштенски сандачиња


Руската полиција во градот Тоболск вели дека фатила 34- годишен маж осомничен дека подметнувал рачни експлозивни направи во поштенски сандачиња. Според полицијата, осомничениот, кој е локален жител поставувал вакви направи во станбена зграда во Тоболск. Во експлозиите што се случиле на 21 и 28 овој месец, биле повредени една 62-годишна жена и еден 50-годишен маж. Инспекторите рекоа дека го фатиле осомничениот во неговата куќа каде што престојува преку лето и каде што биле сместени и елементите за креирање на екслозивните направи.
XS
SM
MD
LG