Достапни линкови

Разговори за крај на крвопролевањата во Сирија


Кофи Анан

Кофи Анан

Во Женева се водат разговори за ставање крај на шеснаесетмесечните крвопролевања во Сирија. Пратеникот на ООН и на Арапската лига, Кофи Анан, се очекува да го претстави својот патоказ за формирање влада на национално единство. Сириската опозиција рече дека ќе се спротивстави на секој план кој ќе му дозволи останување на сирискиот претседател Башар Асад на власт.
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров и американскиот државен секретар, Хилари Клинтон вчера во Санкт Петербург разговараа за разликите на двете земји околу Сирија.
XS
SM
MD
LG