Достапни линкови

Неделен печат - Партиска кампања и економија


Средба на претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски и на лидерот на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски.
Средба на претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски и на лидерот на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски.

Неделниците пишуваат за можноста, со локалните, да се одржат и предвремени парламентарни избори, за обединувањето на опозицијата, како и за кризата во економијата.

Бидејќи, според однесувањето на власта и на опозицијата, локалните, а можеби и поголемите избори се блиску(иако до нив, според распоредот, има уште 9 месеци), и овој преглед на пишувањето на неделниот печат го почнуваме со тема поврзана со избори.
Леснотијата со која кризата вербално ја констатираме, а оперативно ја игнорираме, со сигурност покажува дека политичката одговорност во земјава е во тотална депресија.
Граѓански.

Фокус - Без попис и со избирачки список полн со сиви зони, власта ќе си обезбеди огромна предност на изборите

Ако се грижите за економијата и за компаниите и за животниот стандард на граѓаните, согласете се како Македонија да почне побрзо да се развива, да се отвораат повеќе компании и работни места со кои буџетот ќе може да ги издржи вашите спасоносни иницијативи за трошење на државните пари.
Капитал.
Фокус пишува дека без попис и со избирачки список полн со сиви зони, власта ќе си обезбеди огромна предност на изборите! За во антрфиле да напише дека без разлика на исходот на ревизијата на избирачкиот список, што е обврска од ЕУ, списокот на гласачи не може да ја освои општата доверба на граѓаните без да биде ставен во корелација со вкупниот број на населението. Тоа немаше да биде проблем, забележува Фокус, доколку пописот се спроведеше до крај, па ќе станеше јасен соодносот на бројот на гласачите со оној на граѓаните. Токму оттаму произлегува сомнежот дека власта свесно го стопираше овој процес за да манипулира со фиктивните гласачи!

Глобус - Лажните тези на груевистичките пиони

Анализа на политичко-партиското милје во земјава прави и Глобус во постојаната колумна „Од дистанца“. „Лажните тези на груевистичките пиони“, забележува неделникот за да нагласи дека токму сега, кога опозицијата е на добар пат да постигне обединување од најширок формат, се отвора прашањето дали Македонија има алтернатива, што е лажна дилема и опасна теза, бидејќи нејзин нарачател и финансиер е токму Груевски. Сведоци сме како многумина се трудат да создаваат конфузија, и тоа потпомогната од многумина од таканаречениот интелектуален блок и од бизнис заедницата. Авторот на колумната наоѓа прилично критички зборови за бизнис заедницата за која вели дека е замолчена и имобилизирана и посакува да биде некаков неутрален фактор во општеството, но во ваква констелација на односи, неутралноста всушност значи подаништво и капитулантство. Кај интелектуалната заедница, пак, пишува Глобус, изразена е колебливоста бидејќи многумина се купени за да бидат послушни и лојални на власта, а огромното мнозинство е уплашено. Сиве овие конфузии можат да се сведат на едно едноставно прашање: што посакува Македонија?

Граѓански - Оскудација

За „Оскудација“ пишува новиот домашен неделник Граѓански. Леснотијата, вели, со која кризата вербално ја констатираме, а оперативно ја игнорираме, со сигурност покажува дека политичката одговорност во земјава е во тотална депресија. Па, наесен, кога ќе биде неопходен нов ребаланс на буџетот и кога ребаланс ќе доживее бројката на невработени, дупката на внатрешниот јавен долг ќе биде толку голема што дури ни видовитиот писател Ниче Димовски нема да биде сигурен дали таа дупка е гробот на Александар или визија на клиничка смрт, застрашувачки прогнозира Граѓански.

Капитал - Тешко на компаниите што чекаат спас од политичарите

И на крај, апелот во уводникот на Капитал: „Тешко на компаниите што чекаат спас од политичарите - доста нè ложите со работни лета, влади во сенка, со глупави локални иницијативи и антикризни мерки, со локални избори...“ - пишува неделникот. Ако се грижите за економијата и за компаниите и за животниот стандард на граѓаните, согласете се како Македонија да почне побрзо да се развива, да се отвораат повеќе компании и работни места со кои буџетот ќе може да ги издржи вашите спасоносни иницијативи за трошење на државните пари. Тогаш може и да ви се верува дека сте загрижени за нешто повеќе, освен за удобните пратенички и министерски фотелји и поволности“, поентира Капитал.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG