Достапни линкови

Строс Кан се разведе по 20 години брак


Поранешниот Претседател на Меѓународниот монетарен фонд Доминик Строс Кан и неговата сопруга Ен Синклер се развеле по 20 години брак. Француските медиуми објавија во петокот дека Синклер, богата наследничка и новинар, побарала од Строс Кан уште пред еден месец да го напушти станот во централниот дел на Париз. Строс Кан е под истрага во Франција за наводна вмешаност во прстен на проституција. Минатата година тој беше уапсен во Њујорк под обвинение за обид за силување на вработена во хотел. Скандалот го принуди да поднесе оставка на позиција на шеф на ММФ а тоа стави крај и на неговите амбиции да се вклучи во трката за француски претседател.
XS
SM
MD
LG