Достапни линкови

Груевски: За една недела исплатени 30 милони евра на земјоделците


Нови 10,2 милиони евра субвенции денеска им се исплаќаат на земјоделците. Од нив шест милиони се наменети за сточарите, а останатите за тутунарите, изјави денеска премиерот Никола Груевски.
- Заедно со вчерашните 13,5 милиони евра, вкупно се околу 23 милиони евра за два дена, а заедно со средствата од пред пет-шест дена, се исплаќаат вкупно околу 30 милиони евра за земјоделството, нагласи Груевски, одговарајќи на новинарски прашања по денешното доделување на договорите за студирање на 100-те најдобро рангирани универзитети во светот според Шангајската листа.
XS
SM
MD
LG