Достапни линкови

Поп-културата и новинарството


Новица Наков, истакнат член на македонската заедница за слободен софтвер. Фото: Петар Кајевски.
Новица Наков, истакнат член на македонската заедница за слободен софтвер. Фото: Петар Кајевски.

Суперхероите Супермен, Спајдермен или Капетан Марвел, како и стрип ликовите Тин Тин, Снапер Кар или Ејприл О'Нил од екипата на Нинџа желките се новинари, репортери или фотографи. Дали е тогаш случајно што токму ликови на новинари се чести алтер ега на (супер)хероите?, пишува истакнатиот член на македонската заедница за слободен софтвер Новица Наков, во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Краток преглед на списокот на измислени новинари, открива интересна појава помеѓу суперхероите што се појавуваат во стриповите, филмовите и ТВ сериите: голем број од нив се новинари, репортери, фотографи. Од попознатите, Супермен е Кларк Кент, новинар од Дејли Планет, Спајдермен е Питер Паркер фотограф од Дејли Багл, Капетан Марвел е Били Батсон, радиски новинар. Со ненадприродни моќи го имаме Тин Тин кој исто така е репортер, Снапер Кар кој е дел од Лигата на правдата и Ејприл О'Нил од екипата на Нинџа желките.
Она против што суперхероите се борат со своите ласерски очи и пајакови мрежи е истото за кое новинарите мора да пишуваат без страв. Според Џенифер Робинсон, новинарството е професија која е посветена на транспарентноста, вистината и отчетноста и професија која треба да ги урива корумпираните влади, да зборува за неправдата и нееднаквоста и да им даде глас на безгласните.

Улогата на суперхероите во општествата, па и во оние измислените, е да им помагаат на беспомошните, обесправените и загрозените. Тие ѝ се спротистават на моќта која нe одговара пред никој друг. Нивната задача е да бидат последната контролна точка која злоупотребите на моќниците никако не смеат да ја поминат.

Од друга страна, со зборовите на Едмунд Бурк, задача на печатот е да обезбеди функционирање на претставничката демократија со тоа што ќе остане независен од владината контрола, ќе ја испитува владината работа и ќе ги држи политичарите до одговорност со тоа што ќе ја снабдува јавноста со информации потребни за носење на информирани демократски одлуки. Кажано поинаку, печатот треба да ја зборува вистината за моќта.

Дали е тогаш случајно што токму ликови на новинари се чести алтер ега на (супер)хероите?

Она против што суперхероите се борат со своите ласерски очи и пајакови мрежи е истото за кое новинарите мора да пишуваат без страв. Според Џенифер Робинсон, новинарството е професија која е посветена на транспарентноста, вистината и отчетноста и професија која треба да ги урива корумпираните влади, да зборува за неправдата и нееднаквоста и да им даде глас на безгласните.

Слободата на печатот, како и слободата на говорот, се концепти кои се сметаат за едни од најголемите достигнување на западните демократии. Оттука, не е чудно што поп-културата ги прифаќа и поттикнува истите нив преку своите дела, мешајќи го јавниот и тајниот живот, дневната и ноќната работа на новинарите-суперхерои.

Поради сето ова, ми беше интересно да побарам, барем на интернет, референца за измислен новинар од Македонија. Колку што успеав да најдам, нема таков истакнат лик во нашите книги или филмови. Ниту пак најдов суперхерој кој во својата дневна работа е новинар.

Се разбира, причините за ова може да се целосно економски: локалниот пазар можеби е премногу мал. Или, пак, можеби се артистички: домашните стрип-цртачи, на пример, можеби повеќе сакаат да цртаат на други теми. За конечен заклучок потребно е повеќе истражување. Во меѓувреме, останува да се надеваме дека недостатоток на новинарите-суперхерои, било израснати дома, било преведени од странство, не е индикатор за тоа колку нам овде ни значат вредностите за кои зборува Бурк.
XS
SM
MD
LG