Достапни линкови

logo-print

Во Парламентот дебата за законот за невработените


Собранието на Македонија денеска на продолжението на 35. седница ја почна расправата по измените и дополнувањата на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност во прво читање.
Пратеничката Цветанка Иванова од СДСМ рече дека ова е уште еден закон со кој се кратат правата на граѓаните во Македонија. Смета дека е неприфатлив и побара Владата да го повлече бидејќи тој нема да го реши проблемот на невработеноста туку е основ да се намали бројот на невработените по административен план. Според Иванова, законот ќе создаде повеќе законски основи да се избришат невработените во Македонија, чиј број од последните статистички податоци расте.

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски истакна дека никој нема да биде избришан од евиденцијата. Потсети дека со измените на Законот ќе се воведат два типа на евиденција - евиденција на лица кои активно бараат работа и евиденција на лица кои не бараат активно работа, а остануваат евидентирани во списокот на Агенцијата за вработување заради остварување на други социјални права.
XS
SM
MD
LG