Достапни линкови

Неизвесен планот за транзициска власт во Сирија


Сергеј Лавров

Сергеј Лавров

Русија во последен момент побарала измени во новиот план за транзицијата на власта во Сирија, во однос на каква било формулација со која ќе се бара оставка од сиријскиот претседател Башар Ал Асад. Во планот на специјалниот пратеник Кофи Анан е наведено дека во транзиционата влада на Сирија не треба да бидат личности кои би можеле да го поткопаат процесот на транзиција и обнова. Сепак, портпарол на Анан изрази очекување дека утре, на конференцијата за Сирија во Женева, ќе биде постигнат компромис. За денеска попладне во Санкт Петерсбург е најавена средба меѓу американскиот државен секретар Хилари Клинтон и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
XS
SM
MD
LG