Достапни линкови

logo-print

Молк кај албанската опозиција за широка коалиција


Средба на претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски и на лидерoт на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски.

Средба на претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски и на лидерoт на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски.

Опозициските партии на Албанците, ДПА на Тачи и НДП на Османи, засега молчат за можноста да се вклучат во широк опозициски фронт со македонските партии.

По многу нешта начинот на којшто партиите од опозицијата се обидуваат да воспостават соработка која би довела до формирање на еден поширок опозициски фронт е невообичаен и нов, а на тоа упатува самата ситуација во земјата, па оттука е бесмислено поставување на какви било услови за понатамошна соработка на која би и се приклучиле и опозициски партии од албанскиот блок, коментираат од СДСМ и од ВМРО-НП еден ден откако нивните лидери, поранешни лути противници, си подадоа рака со намера, како што рекоа, да ја делегитимираат актуелната власт. Оттука тие се подготвени на соработка и во досегашните изјави тие гледаат отворена можност за такво нешто.
Начелно гледам од некои нивни изјави, дека не се отфрла тоа, напротив во изминатиот период од шест месеци имаше доста изјави во кои тие ја оставија отворена вратата.

„Начелно гледам од некои нивни изјави, дека не се отфрла тоа, напротив во изминатиот период од шест месеци имаше доста изјави во кои тие ја оставија отворена вратата“, вели Андреј Петров од СДСМ.
Лидерите на опозициските албански политички партии Мендух Тачи(ДПА) и Руфи Османи(НДП)

Лидерите на опозициските албански политички партии Мендух Тачи(ДПА) и Руфи Османи(НДП)


Не е време да им се даде предност на суетите во интерес на државата, вели Ване Цветанов од ВМРО-Народна партија, назначувајќи дека сега во опозицискиот фронт не се разговара за разликите кои евидентно и познато и е на јавноста дека ги имаат, туку за потребата која што ја налага состојбата во која се наоѓа земјата.
Ние би соработувале со било кого, кој е подготвен да седне со нас на маса и да го прифати нашиот политички договор.

„Коректно е да се проголтаат одредени суети. Во моментов државата тоне и не е време за промоција на лични платформи на било која политичка партија, туку е време за обединување и рушење на овој режим.“

Од ДПА денеска не беа подготвени за никаков коментар на ова прашање, не покажувајќи ниту отворено расположение да се прифати изразеното позитивно расположение кај другата страна за ваква соработка, ниту пак да се потврдат изјавите кои беа актуелни до пред само неколку седмици.

„Ние би соработувале со било кого, кој е подготвен да седне со нас на маса и да го прифати нашиот политички договор“, изјави Зијадин Села пред неколку седмици.

Соработката е возможна, но на принципиелна основа и без поставување какви и да е услови, додаде вчера на ова прашање Црвенковски.
XS
SM
MD
LG