Достапни линкови

logo-print

Иванов: Македонија покажа дека се однесува европски


Членка на Европската унија не може да биде држава, која не ги почитува европските стандарди, критериуми и принципи, а Македонија досега покажа дека се однесува европски, порача македонскиот претседател Ѓорге Иванов пред учесниците на официјалното отварање на 23. годишна сесија на Форумот Кран Монтана, што почна денеска во Баку.
Иванов, како што јави МИА, одговарајќи на прашање за тоа каде ја гледа иднината на Македонија во однос на Европа, нагласи дека сите треба да се замислат зошто државата се уште не добива датум за преговори за членство во ЕУ.
Тој на претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ, кој исто така присуствува на Форумот, му го честиташе добивањето на датумот за преговори, напоменувајќи оти Македонија го заслужува истото.
- Секој секого може да блокира на Балканот. Ние никого не сме блокирале и секој пат Македонија покажувала како треба да се однесува кон другите религии, кон другите етнички и јазички групи и како во услови на блокада да се обезбеди просперитет, истакна Иванов.
XS
SM
MD
LG