Достапни линкови

logo-print

Попоски - грчките стравувања се бесмислени


Бесмислени се стравувањата за територијални претензии на Македонија кон хомонимната грчка провинција поради кои Атина става вето на македонската интеграција во ЕУ и НАТО, изјави шефот на македонската дипломатија Никола Попоски во интервју за интернет изданието на шпанскиот весник „Ел Паис“.
- „Македонија на експлицитен начин изјави дека нема претензии кон ниту еден од нашите соседи. Во овие години, ги прифативме и почитувавме нашите обврски и покажавме широко ниво на флексибилност. Направивме отстапки како што се промената на знамето и реформите во Уставот. Но, има работи кои се косат со основните демократски принципи. Името на една држава единствено може да биде определено од граѓаните на самата држава. Јазикот, културата, идентитетот се елементи кои не можат да бидат наметнати од надвор. Грција прифати една и единствена обврска: да не ја попречува нашата интеграција во меѓународни организации. И истата не ја почитува, изјави Попоски во интервјуто објавено во вторникот.
XS
SM
MD
LG