Достапни линкови

Иванов се обрати на Форумот во Кран Монтана


Република Македонија има за цел да биде ставена на меѓународната мапа на енергетски транспортни коридори, со што ќе се отвори можност за добивање евтини енергенси за македонските компании и домаќинства и намалување на цената на домашното производство, изјави македонскиот претседател Ѓорге Иванов во обраќањето на официјалното отварање на 23. годишна сесија на Форумот Кран Монтата, кој почна денеска во Баку.
Тој посочи дека тоа ќе претставува конкретен влог во енергетската и во генералната економска стабилност и сигурност на Македонија и на регионот, јави МИА.
- Трите столбови врз кои ја градиме иднината на Република Македонија се трите „Е“ – Европа, економија и енергија и овие три меѓузависни и тесно поврзани „Е“ се клучни за развојот на државата, изјави Иванов.
Тој потенцира дека Македонија останува посветена на стратегиската цел – членство во Европската унија и НАТО и чекорејќи по тој пат земјата е целосно фокусирана на подобрувањето на целокупната економска состојба.
XS
SM
MD
LG