Достапни линкови

logo-print

Кина и Сингапур ослободeни од санкции за купување нафта од Иран


Извозот на нафта од Иран во 2012 година.

Извозот на нафта од Иран во 2012 година.

Администрацијата на Обама ги ослободи Кина и Сингапур од санкции наменети за оние земји кои ќе купат нафта од Иран, неколку часа пред ограничувањата да стапат на сила. Американската државна секретарка Хилари Клинтон рече дека се утврдило оти Кина и Сингапур „значително го намалиле“ увозот на сурова нафта од Техеран, со тенденција да се откажат од купување. Досега 20 земји се изземени од санкциите. Вчера истече рокот во кој земјите требаше да престанат да соработуваат со иранската централна банка која управува со извозот на нафтата, а во спротивно ќе бидат казнети. Санкциите се со цел да се изврши притисок врз Иран поради нуклеарната програма.
XS
SM
MD
LG