Достапни линкови

Најмалку 10 шиитски верници загинале во напад во Пакистан


Најмалку 10 шиитски верници загинале кога автобусот со кој се превезувале бил нападнат од сунити, соопшти полицијата во Пакистан. При нападот се повредени десетици луѓе. Нападот се случил во југозападниот град Квета, главен град на покраината Белуџистан. Полицијата соопшти дека автобусот кој превезувал околу 40 патници кои патуваат од Иран до Квета, бил нападнат со бомба и огнено оружје. Шиитите се малцинство во претежно сунитскиот Пакистан. Во последниве години сунитските напади врз шиитите зачестија. Белуџистан е жариште на нивните меѓусебни пресметки.
XS
SM
MD
LG