Достапни линкови

Асад отфрла какво било странско решение за кризата во Сирија


Сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Сирискиот претседател Башар ал-Асад отфрли какво било странско решение за кризата во неговата земја. За иранската телевизија, тој рече дека сириската влада има обврска да ги „елиминира терористите“ и да го заштити народот.

Во последниве денови се зголемија тензиите меѓу Анкара и Дамаск, откако сириските сили урнаа турски воен авион, по што турската армија почна да распоредува сили во близина на границата.

В сабота во Женева треба да се одржи меѓународен состанок на ОН во обид да се решат 16-месечните насилства во Сирија.
XS
SM
MD
LG