Достапни линкови

Нема постхумно враќање државјанство во САД


Џон Демјанук го напушта судот во Минхен на 12 мај 2011 година.

Џон Демјанук го напушта судот во Минхен на 12 мај 2011 година.

Американскиот апелационен суд го одби барањето постхумно да му се врати американското државјанство на Џон Демјанук, кој беше осуден за злосторства извршени во концентрационен логор за време на Втората светска војна. Судот соопшти дека барањето е спорно затоа што Демјнук е починат, а неговите адвокати тврдат дека ако се обнови државјанството тоа ќе им помогне во истрагата, затоа што американската влада задржува материјали кои би им биле корисни за нивниот предмет. Демјанук, кој е роден Украинец, со децении живееше во САД пред да биде осуден од германскиот суд во мај минатата година за воени злосторства извршени во концентрациониот логор Собибор во Полска која тогаш била окупирана од нацистите.
XS
SM
MD
LG