Достапни линкови

Започна самитот на ЕУ во Брисел


Започна дводневниот самит на Европската унија во Брисел на кој ќе се дискутира за иднината на Еврозоната. Меѓу другото, ќе се разговара и за иницијативата за собирање на долговите од монетарната унија и нивно еднакво распределување меѓу земјите – членки во форма на еврообврзници. Францускиот претседател Франсоа Оланд е главен подржувач на ваквата иницијативе која не доби подршка од германската канцеларка Ангела Меркел. Оланд рече дека Франција е подготвена за понатамошна интеграција проследена со солидарност при секој чекор. Меркел, пак, предупреди дека дури и најсилната економија во Еврозоната не смее да се преоптерети.
XS
SM
MD
LG