Достапни линкови

Узбекистан го суспендираше членството во безбедносна организација


претставници на земјите членки на Колективната организација за безбедност

претставници на земјите членки на Колективната организација за безбедност

Узбекистан го суспендираше членството во Колективната организација за безбедност на чело со Русија. Портпарол на организацијата потврди дека властите од земјата испратиле писмено известување за одлуката. Таџикистанскиот сервис на Радио Слободна Европа јавува дека официјален Ташкет ја информирал Организацијата за донесената одлука пред четири дена. Земјата претходно во 1999 година го суспендираше членството но се врати во групацијата во 2006 година.
XS
SM
MD
LG