Достапни линкови

Пакетот за раст во центарот на дебатата во Брисел


Денеска пакетот за раст и вработување ќе биде во центарот на дебатата, изјави германската канцеларка Ангела Меркел пред почетокот на самитот на Европската унија во Брисел. „На ова работевме на сите претходни самити годинава – во јануари и во март. Денеска пакетот е целосно развиен и може да се пушти во употреба“ додаде Меркел. Пред европските челници како рамка за расправа ќе се најде и документ што го подготвија Претседателите на Европскиот совет и на Комисијата Херман ван Ромпуј и Жозе Мануел Баросо, шефот на Европската централна банка Марио Драги и шефот на еврозоната Жан Клод Јункер.
XS
SM
MD
LG