Достапни линкови

Граѓаните ќе одлучуваат за проектите на општините?


Дупките по улиците може да станат приоритет.
Дупките по улиците може да станат приоритет.

Зголемена е свеста кај општините за вклучување на граѓаните во донесувањето на одлуки на локално ниво.

Програмата „Форуми во заедницата“ бележи значителни резултати и има сè повеќе општини кои сакаат да се вклучат. Тоа претставува потврда дека е зголемена свеста кај општините за вклучување на граѓаните во донесувањето на одлуки на локално ниво и за зголемување на нивната доверба, заклучуваат упатените. Министерот за локална самоуправа Невзат Бејта рече дека кај општините кои се вклучени во проектот има видлив напредок со особен придонес во децентрализацијата.
Особено е дадена можност самите граѓаните по општините да донесат одлука и да одберат проекти што треба да се реализираат според нивното мислење, затоа што проектите, било од програмата или од нивните сопствени проекти што ги реализираат градоначалниците не се реализираат за нивните лични интереси, туку се за интересите на граѓаните.
Невзат Бејта, министер за локална самоуправа.

„Особено е дадена можност самите граѓаните по општините да донесат одлука и да одберат проекти што треба да се реализираат според нивното мислење, затоа што проектите, било од програмата или од нивните сопствени проекти што ги реализираат градоначалниците не се реализираат за нивните лични интереси, туку се за интересите на граѓаните.“

Потпретседателот на ЗЕЛС Иџет Меџити вели дека програмата е корисна и за граѓаните и за општините, бидејќи го содржи концептот на кохезија, меѓу едните и другите.

„Сето тоа го правиме затоа што наша крајна цел впрочем е задоволување на интересите на граѓаните кои ни ја дале довербата. Од друга страна, пак, го развиваме чувството на одговорност на граѓаните кон општината и кон заедницата во смисла на активно учество во креирањето и развојот на својата заедница и притоа бивајќи свесни за реалните можности и капацитети на општините при решавање на дадени проблеми.“

Градоначалникот на Струмица Зоран Заев вели дека благодарение на проектот имале можност да исполнат едно морално ветување пред граѓаните.

„И навистина преку ваквите форуми на заедници даваме можност токму граѓаните да одлучат што е тоа што е нивен приоритет, што е тоа што е најважно и најдобро за нив.“

Швајцарскиот амбасадор во земјава Стефано Лазарото вели дека децентрализацијата претставува клучен аспект за демократизација на Македонија.

„Веруваме дека со редовната комуникација со граѓаните преку формите во заедницата вашите општини можат да станат добар функционален модел, кој може да ги инспирира и другите градоначалници, како и земјите од соседството.“

Досега во проектот кој е поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка се вклучиле 44 општини.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG