Достапни линкови

Руските власти демантираат дека го подржале планот за Сирија


Рускиот министер за надеворешни работи Сергеи Лавров ги демантираше извештаите дека официјална Москва го подржала планот за транзиција во Сирија, кој предвидува претседателот Башар Ал Асад да се повлече од функцијата. Американски државен службеник, кој инсистира на анонимност, изјави дека Кофи Анан ги уверил политичарите во Вашингтон дека Русија го подржала планот. Светските сили на 30 јуни ќе се состанат во Женева на разговори за ситуацијата во Сирија.
XS
SM
MD
LG