Достапни линкови

logo-print

Иванов се сретна со претседателот на Азербејџан


Азербејџан е заинтересиран за интензивирање на економските односи со Македонија и за инвестирање во македонското стопанство, изјавија на средба во Баку македонскиот претседател Ѓорге Иванов и шефот на азербејџанската држава Илхан Алиев. Двајцата се заложија за натамошно интензивирање на односите, особено на политичкиот дијалог и на средбите на високо ниво. Инаку, Иванов отпатува во Азербејџан на форумот Кран Монтана, кој оваа година е посветен на енергетските прашања и политики.
XS
SM
MD
LG