Достапни линкови

logo-print

Дневен печат - Економија, споменици и партиски кампањи


Споменик на Димитар Поп Георгиев - Беровски во Скопје.

Споменик на Димитар Поп Георгиев - Беровски во Скопје.

Падот на индустриското производство, сè потешкото полнење на буџетот и изградбата на новите споменици во фокусот на интерес на дневните весници.

Економија, економија, споменици, партии, избори... Вака, ако сакаме некаков редослед, би изгледале темите што ги интересираат нашите медиуми.
Споменикот на Александров повторно бранува - двоопашеста кокарда на војводата на коњот.

„За три години струјата поскапе за 50%, наскоро ќе има ново“ - пишува во наслов Утрински. Буџетот се потешко се полни, а приходите собрани во мај годинава се помали за 9 милиони евра во споредба со истиот месец лани, пишува исто така Утрински. Истиот весник го објавува барањето на бизнис заедницата за конкретни мерки од Владата за да се преброди кризата, а Дневник информира дека производството е деветти месец во минус и дека македонското стопанство е на колена.
Партиите почнаа да глумат демократија за локалните избори - ВМРО-ДПМНЕ преку конкурс ќе ги избира кандидатите за градоначалници, СДСМ ги објавува девет месеци порано.

Дневниот Капитал со акцент на неградењето на ветените откупни центри: „Откупните цени драматично паѓаат“.

„Битката за имињата на улиците ја смени адресата - жестоката дебата од Советот на град Скопје се префрли во Собранието“, известува Утрински, а Дневник пишува дека „Споменикот на Александров повторно бранува - двоопашеста кокарда на војводата на коњот“. Ден насловува: „Нова контроверзна скулптура поставена во Скопје - Анонимниот војвода јава како Тодор Александров“.

„Се растрчаа по селата за да си го најдат народот“ - пишува во наслов Дневник, кој го отвора прашањето дали веќе сите ја почнаа кампањата за локалните избори догодина или сфатија дека без поддршката на обичниот гласач и препознавањето на неговите проблеми не може да опстанат во политиката. Дури и Иванов почна да ги обиколува селата, забележува Дневник.

Нова Македонија насловува: „Партиите почнаа да глумат демократија за локалните избори - ВМРО-ДПМНЕ преку конкурс ќе ги избира кандидатите за градоначалници, СДСМ ги објавува девет месеци порано“.

Дневниот Фокус објавува интригантски наслов: „Љубчо го донесе Никола, Љубчо ќе го го урне“.

Вечер се занимава со надворешна политика: ја цитира изјавата на министерот за надворешни Попоски за Бугарското национално радио: „Покрај грчките ирационални блокади, не ни требаат и бугарски опструкции“.

И, за крај, во стилот на онаа, Македонија и сè е можно: дневниот Фокус објавува наслов: „Унапреден битолскиот обвинител што не виде криминал во РЕК Битола“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG