Достапни линкови

Црна Гора треба да почне преговори за членство, Србија доби кандидатски статус, а Македонија остана да ја дели судбината со Босна и Херцеговина и Косово.

По дводневниот состанок на министрите на ЕУ во Брисел станува јасно дека Македонија го менува друштвото на земји во регионот во однос на европската перспектива, коментираат експертите. Во очекување Црна Гора да добие зелено светло за отпочнување преговори откако претходно Србија доби кандидатски статус, што за овие држави значеше брз напредок во поглед на евроинтеграциите, на Македонија и останува да ја дели судбината со земји какви што се Босна и Херцеговина и Косово, вели Лидија Димова од Македонскиот центар за европско образование.
Од држава со кандидатски статус, што значи дека меѓународно призната, со иднина во ЕУ, со што сè не, тој ја однесе, зборувам за Груевски, ја стави државата наша во групата со Косово и со Босна и Херцеговина. А тоа во науката на ЕУ се вика „unfinished states“.

„Од држава со кандидатски статус, што значи дека меѓународно призната, со иднина во ЕУ, со што сè не, тој ја однесе, зборувам за Груевски, ја стави државата наша во групата со Косово и со Босна и Херцеговина. А тоа во науката на ЕУ се вика „unfinished states“.“
Знамињата на Црна Гора и на ЕУ.

Знамињата на Црна Гора и на ЕУ.


Ова зборува за тоа дека државите во регионот сфатија што треба да жртвуваат за тоа што треба да го добијат и сите тоа и го направија, вели политикологот Соња Стојадиновиќ, според која, политиката којашто се води во земјава не нуди надеж дека ќе фатиме чекор со регионот во кој не така далеку бевме лидери што се однесува до евроинтеграцискиот пат.
Сите си ги направија сметките што можат да жртвуваат, а што ќе добијат за возврат. Ние не си ја направивме таа сметка. Значи ние почнавме да се удираме во гради дека сме потомци не знам на кого.

„Сите си ги направија сметките што можат да жртвуваат, а што ќе добијат за возврат. Ние не си ја направивме таа сметка. Значи ние почнавме да се удираме во гради дека сме потомци не знам на кого.“

Македонија очекува дека ЕУ ќе ја повлече кон себе што покажува непознавање на основните принципи како функционира Унијата зошто тоа не е практика на ЕУ, додава Димова, така што останува Македонија сама да ги реши проблемите кои и се кочница на тој пат.

Во спротивно можеме да се претвориме во нов генератор на кризи од регионот кој, доколку го решава самата Унија, тоа ќе го направи по повисока цена за земјава анализираат експертите. На Македонија не и одат во прилог ниту изменетите услови во Унијата, кои освен внатрешната политика се состојат и од изменетата состојба во самата Унија и измените што ги донесе Лисабонскиот договор. Реперкусиите се големи. Враќајќи го својот статус назад вели Димова, Македонија го доведува во прашање аналитичкиот извештај врз којшто го добивме статусот на земја кандидат, а кој ќе биде неопходен тогаш кога ќе отпочнуваат преговорите за пристапување кон Унијата.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG