Достапни линкови

Шешељ доби 2 години затвор за непочитување на судот во Хаг


Судот за воени злосторства во Хаг му изрече казна затвор од две години на Воислав Шешељ за непочитување на судот. Имено, тој, на неговата интернет страница ги објавувал заштитените сведоци и не ја почитувал наредбата на судот да ги отстрани. Инаку, на Шешељ во Хаг му се суди за воени злосторства за време на војните во поранешна Југославија во 90-тите години, а пресудата се очекува да му биде изречена во март, наредната година.
XS
SM
MD
LG