Достапни линкови

Телефонски разговор Обама - Оланд за кризата во евро-зоната


Американскиот претседател Барак Обама разговарал по телефон со францускиот претседател Франсоа Оланд за кризата во евро-зоната. Во краткото соопштение од Белата Куќа се наведува дека двајцата лидери се заложиле за продолжување на напорите за одржување на растот и за стабилност на еврото. Поради загриженоста дека кризата во евро-зоната може да има последици и врз американската економија, Обама деновиве телефонски разговараше со повеќемина европски лидери, меѓу кои и со Ангела Меркел и со Марио Монти.
XS
SM
MD
LG