Достапни линкови

logo-print

Самит на ЕУ- главна тема иднината на еврозоната


Иднината на еврозоната се очекува да биде топ тема на дводневниот самит на ЕУ што почнува денеска во Брисел. Шефовите на држави и на влади на земјите членки би требало да го прифатат пактот за раст и за вработување, а ќе разговараат и за предлозите за воспоставување банкарска унија, цврста фискална интеграција и за можноста за формирање фонд за откуп на долговите.
Пред европските челници како рамка за расправа ќе се најде и документ што го подготвија Претседателите на Европскиот совет и на Комисијата Херман ван Ромпуј и Жозе Мануел Баросо, шефот на Европската централна банка Марио Драги и шефот на еврозоната Жан Клод Јункер.
XS
SM
MD
LG