Достапни линкови

Најавено доверување на мандатот на Ивица Дачиќ


Ивица Дачиќ

Ивица Дачиќ

Претседателот на Србија Томислав Николиќ денеска во 11 часот ќе му го довери мандатот за составување нова српска влада на претседателот на Социјалистичката партија Ивица Дачиќ, јави синоќа белградската телевизија Б92.
Николиќ претходно вчера изјави дека очекува оти лидерот на социјалистите денеска ќе му го побара мандатот за формирање влада.
По изборите од 6 мај партиите во Србија се во постојани преговори за состав на влада, а клучно е дали Дачиќ ќе коалицира со досегашниот партнер, Демократската партија на Борис Тадиќ, или со Напредната партија на сегашниот претседател Томислав Николиќ.
XS
SM
MD
LG